Дома Топ вести Најмногу голови од белата точка во 21. век: Роналдо далеку пред сите

Најмногу голови од белата точка во 21. век: Роналдо далеку пред сите

Кристијано Роналдо се закити со нов трофеј, откако со Јувентус на две кола пред крајот ја обезбедија титулата во Серија А. Португалецот, исто така се уште е во борба за титулата најдобар стрелец во италијанското првенство.

Многумина ќе речат дека трката на Роналдо и Имобиле за титулата се претвори во “пенал натпревар“ со оглед на тоа дека и едниот и другиот имаат постигнато голем број на погодоци од белата точка. Како и да е, на две кола до крајот Имобиле има три погодоци повеќе од Кристијано (34-31).


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


А кога се во прашање Роналдо и пеналите, порталот Трансфермаркт објави интересна листа на играчи кои во 21. век постигнале најмногу погодоци од белата точка. Во конкуренција беа само играчите од петте најдобри лиги.

Кристијано Роналдо е на првото место, далеку пред сите. Португалецот постигна 114 погодоци од белата точка.

На второто место е легендарниот капитен на Рома, Франческо Тоти кој постигнал 75 погодоци од 11 метри, што е ист број на пенали кои ги има и Лионел Меси.

Четврт на листата е Златан Ибрахимовиќ кој 64 пати бил стрелец од пенал, додека петти е легендарниот фудбалер, а денеска тренер на Челси, Френк Лампард. Тој има постигнато 50 погодоци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Аморим: Јас сум вистинскиот човек за Манчестер Јунајтед🎥

Рубен Аморим денес ја имаше првата пресконференција како тренер на Манчестер Јунајтед. Амо…