Maкедонскиот репрезентативец, Ненад Димитријевиќ одигра одличен натпревар за Хувентуд против Уникаха, сепак таа не беше крунисана со победа на неговиот тим кој изгуби со 89:98.
Нено натпреварот во АЦБ лигата го заврши со 16 поени и три асистенции. Посебно се истакна во првото полувреме кога противникот немаше лек за него. По натпреварот Хувентуд ги спои во едно видео најдобрите потези на македонскиот кошаркар.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Инаку, во последниот период Димитријевиќ се поврзува со преминување во Валенсија кој е еден од најдобрите клубови во Шпанија и игра во Евролигата.