Дома Фудбал Репрезентации Најголем проблем на Шпанците е – Пике!

Најголем проблем на Шпанците е – Пике!

spain

Жерард Пике после Светското првенство се прости од дресот на Шпанија, но и тоа како недостасува на оваа селекција.

Без Пике Шпанија одигра пет натпревари и на тие пет прими дури осум погодоци, од кои по три во натпреварите против Хрватска и Англија.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Селекторот Луис Енрике користеше неколку играчи во задната линија, но никако не успева да пронајде некој кој ќе успее да го надополни неговото отсуство и да биде вистински партнер на Серхио Рамос.

Прво Начo играше два натпревари како стопер покрај Рамос и на почетокот тоа функционираше бидејќи Шпанците ги совладаа Англичаните и Хрватите со гол-разлика 8:1.

Потоа играше Албиол, па уште еднаш Начо, а во последниот натпревар против Хрватска во Загреб заигра 27 годишниот стопер на Атлетик Билбао Иниго Мартинез.

Со оглед на трите примени гола од Хрватска тешко е да се каже дека Мартинез е она што го бара Енрике. Како најдобро решение се покажа Начо, но Шпанците сигурно ќе мораат да размислат за условно кажано вистински стопер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Натпревари од Ла Лига ќе се играат во САД?

Првиот човек на шпанската Примера најави дека веќе од наредната сезона натпревари од шпанс…