Дома Останати Најголемите спортски авионски несреќи: За момент исчезнуваа цели клубови…

Најголемите спортски авионски несреќи: За момент исчезнуваа цели клубови…

Фудбалскиот свет на почетокот на оваа недела го потресе светот за исчезнатиот авион во кој беше новиот играч на Кардиф, Емилијано Сала.

Полицијата три дена го пребаруваше пределот каде што очекуваше да биде паднат авионот, но сепак немаше никаков успех.


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Нема потврдени информации. Сомневањата се дека авионот се срушил во водите на Ла Манш и истражителите порачаа дека шансите Сала и пилотот Иботсон да се преживеани се екстремно мали, па поради тоа после три означија крај на потрагата.

Дека авионот е срушен упатуваат и последните зборови на Сала испратени во аудио снимка од авионот во кој порачува дека авионот е во лоша состојба и мисли дека ќе се сруши во секој момент.

Во продолжение ќе потсетиме на авионски несреќи на спортски екипи кои никогаш нема да бидат заборавени.

ФУДБАЛСКАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ЗАМБИЈА

Една од најтешките авионски несреќи во светот на спортот се случи во 1993 година. Тогаш репрезентацијата на Замбија патуваше на натпревар од квалификациите за СП во 1994 година кое се играше во САД, а противник им беше Сенегал.
Сепак, набрзо откако што авионот полетал дошло до несреќа и авионот се сруши во Атланскиот океан. Во оваа несреќа животот го загубија сите 25 патници и пет членови на екипажот.

ФК ТОРИНО

Голема несреќа го погоди италијанскиот фудбал во 1949 година кога авионот во кој беше целиот тим на Торино се сруши. Во авионот имаше 31 патник, од нив 18 беа фудбалери на овој тим. Авионот се заби во планина блиску до Торино.

Торино тогаш беше трикратен шампион на Серија А, а десет играчи на овој тим беа репрезентативци на Италија. После оваа несреќа овој клуб никогаш не успеа во целост да се опорави и да се врати во врвот на италијанскиот фудбал.

ХОКЕАРСКИОТ КЛУБ ЛОКОМОТИВ

Пред пет години се случи страшна авионска несреќа во Русија која го расплака целиот свет. Имено на 7-ми септември 2011 година се сруши авионот на хокеарскиот тим на Локомотив во кој животот го загубија сите членови на овој тим (27 играчи, два тренери и седум службени работници во рускиот клуб.

МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД

Ова веројатно е најпознатата авионска несреќа која се случила во светот на спортот, а се случи во 1958 година кога се сруши авионот со кој патуваа играчите на Манчестер Јунајтед. Во оваа несреќа животот го загубија осум играчи на славната генерација на Басби.

Авионот на „црвените ѓаволи“ се сруши во Минхен додека клубот се враќаше од Белград каде што играа натпревар против Црвена Звезда. Во оваа несреќа настрадаа 23 патници, а преживеаа 21. Тогаш дури се размислуваше и за згаснување на Јунајтед, сепак овој клуб собра сили и продолжи, па и денес е еден од најголемите во светот.

ЧАПЕКОЕНСЕ

Трагедијата која пред крајот на ноември 2016 која не го потресе само фудбалскиот, туку и целиот свет. Авионот во кој беа играчите на Чапекоенсе се сруши во Колумбија и животот го изгубија дури 76 лица. Овој бразилски клуб беше вистински хит во Јужна Америка бидејќи од четвртиот ранг на бразилската лига за неколку години стигна до финалето на Копа Судамерикана.

Падот на авионот го преживеаа тројца играчи и успеаа со колку-толку да се опорават. Откако се појавија фотографии од оваа несреќа стана јасно дека само чудо ги спасило тројцата преживеани. Овој црн ден за фудбалот засекогаш ќе остане запишан покрај останатите наведени трагедии.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Дортмунд го налути „кралот“, хет-трик на Винисиус🎥

Реал Мадрид и Борусија Дортмунд приредија вистински спектакл со седум гола и на крајот „кр…