Плановите на Интер во зимскиот преоден рок не се остваруваат според планот, па „нероаѕурите“ ќе мораат да разгледуваат алтернативи.
Преговорите со Барселона за Видал се закочени, Каталонците не сакаат да го пуштат Чилеанецот и покрај фактот што самиот сака да се пресели во Италија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Иста е ситуацијата со Маркос Алонсо за кого Челзи бара 40 милиони евра, сума која Интер не ни помислува да ја плати.
Поради тоа раководството на Интер на чело со Марота почна да разгледува алтернативни опции, кои нема многу да му се допаднат на тренерот Антонио Конте.
Како алтернатива на Видал за средниот ред е Немања Матиќ, кој е на излезна врата од Манчестер Јунајтед, додека алтернатива на левата бековска позиција е Матео Дармијан, кој моментално настапува во Парма.
Во секој случај Конте инсистира да бидат засилени овие позиции, како и да биде донесен еден напаѓач, бидејќи тимот е во полна трка за освојување на Скудетото.