Неговите зборови се проверуваа неколку пати, навивачите на Јувентус не можат да поверуваат што им посака нивниот најголем непријател.
Раџа Наинголан ја изненади цела Италија, дури и неговиот најголем непријател – Јувентус!
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Човекот кој често пати со изјавите и потезите покажуваше дека го мрази Јувентус, посака „старата дама“ да ја освои титулата.
„Немам ништо против Наполи, ние бевме втори пет години во низа и сега би ми паднало тешко кога некој друг би ја прекинал доминацијата на Јувентус. Втората причина е Дрис Мертенес, не би останал жив од него доколку тие го освојат Скудетото“, гласеше изненадувачката изјава на Наинголан.
Потоа тој повтори дека нема намера да се промени.
„Фудбалот е мое хоби, животот е најважен, сакам да уживам, грешев, но тоа сум јас. Тоа што играм за голем клуб не значи дека по цел ден треба да седам дома“, доаде Белгиецот.
За крај тој ги прокоментира шансите на неговата Рома во ¼ финалето против Барселона.
„Немаме што да изгубиме, тоа е наша најголема предност, сите веќе нас не отпишаа, што ќе се случи ќе видиме после 180 минути“, смета Наинголан.