Фудбалерот за кој се проценува дека е најбогат во светот доби отказ без одиграна минута за сениорскиот тим. Тоа е Фаик Болкија и внук на принцот од Брунеи.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Се проценува дека е „тежок“ повеќе од 20 милијарди долари, но понекогаш ни парите не се доволни да го исполни тоа што го сака. За споредба, Болкиa е 30 пати побогат од Лионел Меси, a 50 пати побогат од Нејмар.
Неговата најголема желба беше да стане фудбалска ѕвезда, потпиша за португалски Маритино, но клубот му го таскина договорот без да одигра ниту една минута.
Со фудбал почна да се занимава во Англија, беше во младинските тимови на Арсенал, Стоук, Челзи, а во Лестер дојде во 2016 година. Набрзо сфати дека Премиер лигата не е за него, па се пресели во Моримото.