Дома Најава НАЈАВА Реал Мадрид – Ливерпул: Ќе успее ли „црвената армија“ да го симне кралот од тронот!

НАЈАВА Реал Мадрид – Ливерпул: Ќе успее ли „црвената армија“ да го симне кралот од тронот!

Вечерва сите очи ќе бидат вперени во Киев, каде европските гиганти Реал Мадрид и Ливерпул ќе застанат еден против друг во борбата за европскиот трон.

„Кралот“ го брани тронот кој го освои во претходните две години и доколку успее ќе го крене престижниот пехар по 13-ти пат во својата историја. Реал има можност да направи и хет-трик. Три пехари во низа „кралевите“ освоија од 1956-1960 година, а во историјата тоа го направиле уште Ајакс (1971-1973) и Баерн (1974-1976), во времето кога ова натпреварување беше Куп на шампионите.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Гигантот од Ливерпул ќе атакува по својата 6-та титула, а последната ја освои пред точно 13 години, односно во 2005 година. Ова за „црвените“ ќе биде прво финале во лигата на шампиони после 2007 година.

Реал Мадрид и Ливерул заедно имаат 22 финалиња во ЛШ и вкупно 17 освоени титули. Ваков збор до сега не е забележан во историјата на финалињата на ова натпреварување, што доволно зборува за тежината на овој дуел.

Историја и традиција

Ова е второ финале во престижниот турнир кое ќе го ограат Реал Мадрид и Ливерпул, првото го одиграа во 1981 година. Тоа е единственото финале кое Реал го играл против англиски клуб. На крајот славеа „црвените“ со резултат 1:0.

Ако ова едно финале може да се нарече традиција, тогаш таа е на страната на тимот од „Енфилд“. А доколку за традција се потребни пет натпревари, колку што овие два клуба одигарале во историјата на европските натпреварувања, тогаш таа повторно е на страната на Ливерпул. „Црвените“ имаат 3 победи и 2 порази, со вкупна гол разлика 6:4 во нивна полза.

Ливерпул е тимот со најдобар напад оваа сезона во ЛШ, „Црвените“ постигнаа рекордни 46 гола до овој момент, но натпреварувањето го започнаа од елиминациската фаза.

„Кралевите“ успеаа да ја зачуваат својата мрежа само еднаш на последните 11 меча во сите натпреварувања. Другиот инетерсен факт е што едниот од двата порази оваа сезона за Реал беше токму против англиски клуб. „Кралевите“ загубија на Тотенхем на „Вембли“.

Суспензии и повреди

Зинедин Зидан нема проблем со повредени и суспендирани фудбалери. Дани Карвахал се врати од повредата и најверојатно денес ќе биде стартер во финалето. Иско исто така е целосно опоравен и за место во стартниот тим ќе се бори со Герет Бејл.

Во Ливерпул ситуацијата е доста понепријатна. Клоп нема да може да смета на Окслејд Чемберлејн, Жоел Матип и Џо Гомес кои се повредени. Од друга страна Лалана, Емре Чан и Милнер ќе имаат шанса за настап, иако не се целосно опоравени од повредите.

Роналдо – Салах и Зидан – Клоп

Денешното финале ќе биде дуел помеѓу Кристиано Роналдо и Мохамед Салах, двајцата најдобри фудбалери оваа сезона. Според многумина, токму ова финале ќе го одреди победникот на „Златната топка“ за оваа година.

Португалецот игра уште една неверојатна сезона во ЛШ и до сега има постигнато 15 гола во турнирот. Доколку постигне гол вечерва Роналдо ќе стане првиот фудбалер во историјата кој ја тресел противничката мрежа во 4 финалиња. Од друга страна Салах има 10 гола во ЛШ и вкупно 44 оваа сезона.

Мечот ќе ни донесе и интересен дуел на двата тренери. Зинедин Зидан откако седна на клупата на „кралевите“ никогаш до сега не отпаднал во елиминациски меч и има можност доколку победи да се изедначи со Боб Пејсли и Карло Анчелоти, кои како тренери имаат по три трофеи.

Клоп не може да се пофали со таков успех. Ова за него е трето финале во Европа (едно ЛШ и едно ЛЕ) и ги загуби двете. Денес во Киев ќе атакува на својата прва европска титула.

Веројатни состави

Реал Мадрид: Навас – Карвахал, Рамос, Варан, Марсело – Каземиро, Крос, Модриќ – Бејл/Иско, Бензема, Роналдо.

Ливерпул: Кариус – Арнолд, Ловрен, Ван Дијк, Робертсон – Вајналдум, Хендерсон, Милнер – Салах, Мане, Фирмињо.

Според букмејкерите Реал Мадрид е фаворит во финалето. Така коефициентот во Coinbet24 за победа на „кралевите“ изнесува 2.12 за реми 3.75 додека за победа на Ливерпул коефициентот изнесува 3.20.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Најава

Проверете

МЗТ: Не сме маалски клуб, нема да дозволиме да се шират лаги и невистини!

Екипата на МЗТ Скопје поминува низ еден тежок период, а клубот сега се огласи со соопштени…