Дома Трансфер зона Најава за жестока борба: Челзи со иста сума тргнува по потписот на Французинот кој е желба и на Ливерпул!

Најава за жестока борба: Челзи со иста сума тргнува по потписот на Французинот кој е желба и на Ливерпул!

Во текот на дешниот ден се појави и вест дека Ливерпул е спремен да плати 70 милиони евра за фудбалерот на Лион Набил Фекир (24) (повеќе за ова можете да прочитате тука).

Но, како што тоа секогаш е случај кога трансфер периодот се наближува ситуацијата се менува навистина брзо.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


На Островот сега се појави вест дека Челзи би можел да го украде Фекир од пред носот на Клоп исто така за сума од 70 милиони евра колку што е спремен да понуди Ливерпул.

Покрај Ливерпул и Челзи се споменуваше и Арсенал, но сепак изгледа дека Челзи и Ливерпул имаат предност бидејќи Арсенал прво мора да пронајде тренер, па потоа да бара засилувања.

Фекир овааа сезона во француското првенство стигна до учинок од 17 погодоци и 7 асистенции, додека во Лигата на Европа три пати се запишуваше во листата на стрелци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…