Дома Фудбал Англија Најава за голема борба во дербито – Конте побара респект, Клоп му одговори!

Најава за голема борба во дербито – Конте побара респект, Клоп му одговори!

Прво Италијанецот се пожали, а потоа Германецот му порача дека брзо заборава…

Ниту едно англискo дерби не може да помине без размена на зборови. Имено, Челзи и Ливерпул денес со почеток до 18:30 ќе ги одмерат силите, а Конте и Клоп имаат некои нерасчистени сметки.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Да потсетиме, Италијанецот побара повеќе респект кон англиските клубови кои настапуваат во Лигата на шампионите и додаде дека Челзи во овој момент има хендикеп бидејќи патуваа во Азербејџан, а Ливерпул против Севиља имаше ден повеќе за одмор.

Поради тоа Конте смета дека „црвените“ се во предност.

„Не е ова оправдување, ние само бараме повеќе да се води грижа за календарот“, изјави Конте.

Набрзо стигна и одговор од Клоп.

„Конте заборава, не зборуваше т ака минатата година за време на Божиќното лудило кога сите моравме да играме натпревари на секои два дена, а тој за тие два дена одигра само три натпревари. И колку што можам да видам распоредот е сличен и оваа година. Не зборувам дека тоа е нормално, но треба да се биде реален, имавме три дена за одмор и тоа е доволно“, јасен беше менаџерот на Ливерпул.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Евроголот со кој Новаци ја шокираа Шкендија Арачиново (Видео)

Дербито на источниот регион донесе голема драма, но Брегалница на домашен терен не успеа д…