Дома Македонски спорт Мак баскет Натпреварите на Македонија ќе се пренесуваат на Канал 5

Натпреварите на Македонија ќе се пренесуваат на Канал 5

Од 12 до 15 август предолимпискиот квалификациски турнир во Талин. Македонија во битка за олимписка виза во Париз.

Во сабота во 18 часот, директен пренос од Талин од стартиот дуел на црвено жолтите на предолимпискиот квалификациски турнир. Противник на Македонија е селекцијата на Израел.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во недела во истиот термин од 18 часот нашите најдобри кошаркари играат против домаќинот на турнирот, стариот должник Естонија.

Третиот натпревар, во вторник од 15 часот на предолимпискиот квалификациски турнир на нашиот најдобар тим, македонските кошакари на мегдан со силната Чешка.

Првопласираните две репрезентации од турнирот во Талин, ќе продолжат за Полска, поточно ќе се пресели во Гљивице, каде ќе се одигра и оној завршен дел од овие евро-претквалификации за Олимписките игри.

Победникот на овие квалификации ќе биде и учесник во оние главни квалификации за Олимпијадата во Париз.

Натпреварите на македонската кошаркарска репрезентација ќе бидат пренесувани во живо на Канал 5

Предолимписки квалификациски турнир

– ТАЛИН 2023

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ

12. АВГУСТ (САБОТА)

15.00: Чешка – Естонија

18.00: МАКЕДОНИЈА – Израел

13. АВГУСТ (НЕДЕЛА)

15.00: Израел – Чешка

18.00: Естонија – МАКЕДОНИЈА

14. АВГУСТ (ПОНЕДЕЛНИК)

СЛОБОДЕН ДЕН

15.АВГУСТ (ВТОРНИК)

15.00: Чешка – МАКЕДОНИЈА

18.00: Израел – Естонија

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

Гоце Георгиевски останува во Вардар!

Десното крило на Варар Гоце Георгиевски ќе остане во таборот на црвено-црните уште една се…