Дома Фудбал Репрезентации „Народот е во право и кога греши“ – Милевски се повторува, јавноста критикува!

„Народот е во право и кога греши“ – Милевски се повторува, јавноста критикува!

Пишува: Стефан Даскалов

„Ние имаме јасна цел и визија, сме во една фаза на создавање на нова физиономија. Сакаме да имаме конкурентен тим во квлификациите за Евро 2024 во Германија. Се до тогаш ќе искористиме за да изгледаме што подобро“, најави Милевски повеќе пати од неговото доаѓање на клупата на репрезентација.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонската фудбалска репрезентација со ремито против Англија ги заврши квалификациите за Европското првенство и тоа како четврта во својата група, зад нас остана само Малта против која освоивме шест од нашите вкупно осум бода. Додека селекторот ги фали фудбалерите и си поставува нови цели (иако договорот му истече) јавноста критикува и бара негова смена. Кој е во право?

„Народот е во право и кога греши“, така велеше еден наш политичар, а ако се водиме по таа реплика – Благоја Милевски треба да го одработи и последниот натпревар на клупата на репрезентација. Свирежите од полниот стадион против Англија кога се изговори неговото име се доволен показател какво мислење има публиката за неговата работа.

Но, веројатно Милевски останува, се уште не е официјално, но се погласни се шпекулациите за негов нов договор, а самиот Милевски случајно или не на последните две прес-конференции, пред и по натпреварот со Англија зборуваше како да сигурно ќе биде тука и во иднина.

„Од септември наваму сите заедно како тим и федерација работат да креираат тим за следниот циклус од Лигата на нациите и циклусот за СП 2026“, беа зборовите на селекторот на новинарско прашање на последните прес-конференции.

Ви звучи познато?

Македонија освои два бода (без тие шест против Малта) по еден против Англија и Италија и ниту еден против Украина која требаше да биде наш главен ривал во овој квалификациски циклус. Треба да се каже и дека овој бод против Англија го освоивме во ситуација кога Англичаните внимаваа на „тврдиот терен“ и беа претпазливи затоа што пласманот веќе им беше обезбеден.

Посебно загрижува одбраната, Македонија има најмногу примено голови во еден квалификациски циклус и тоа кога на голот го имаме Столе Димитриевски во фантастична форма.

Едно е сигурно, Милевски потфрли во својата прва цел – констатно од неговото доаѓање на клупата најавуваше дека Македонија прави тим за квалификациите за ЕП 2024 и во тие квалификации Македонија прими најмногу голови и ќе се повторам со фантастичен Димитриевски на голот.

Имавме добри моменти, но тоа што ни се случуваше во циклусот кој самиот Милевски го означи како најглавен е премногу:

– Пресврт од 0:2 до 3:2 против Украина

– Дебакл од седум гола во Манчестер

– „Петарда“ од Италија

– Тешка победа со Малта дома (2:1)…

Сега, кога потфрли поставена е нова цел…и така во круг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Реал приреди епски пресврт и повторно е во финале🎥

Реал Мадрид се пласираше во финалето од Лигата на шампиони, откако после драма го победи Б…