Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис изјави дека во иднина ќе бара играчите од Африка да потпишат посебни договори, во спротивно нема да ги доведува.
Де Лаурентис е лут поради тоа што играчите од Африка на сред сезона заминуваат да играат на Африканскиот куп на Нации. Тој ќе бара од нив да потпишат договори дека нема да играат овој турнир додека се во Наполи, ако не потпишат таков договор нема да ги доведе.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Немам никаков проблем, но нека потпишат прво некаков договор дека се откажуваат од играњето на Африканскиот Куп на Нации. Во спротивно нема да доведувам афрички фудбалери. Ние сме како идиоти кои ги плаќаат, тие одат да играат цел месец некаде н друго место“, изјави Де Лаурентис.
Во овој разговор сопственикот на клубот на Елиф Елмас откри и декка пред сезонат 2017/2018 добил понуда да го продаде Наполи за 900 милиони долари, но ја одбил.
Нова сезона Наполи ќе ја започне со гостувањето кај Верона, тој дуел на програмата е на 15-ти август.