Италијанскиот клуб Наполи покажува сериозен интерес за норвешкиот репрезентативец и член на белгиски Генк, Сандер Берге.
„Газата дело Спорт“ пренесува дека скаути на Наполи веќе подолго време го следат Берге и клубот е спремен да испрати понуда во зимскиот преоден рок.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
21-годишниот играч за врска може да игра на повеќе позиции во средниот ред, а во Наполи гледаат идеален наследник на Алан, кој е на излезна врата после поселдните случувања во клубот.
Берге е на мета на повеќе европски гиганти, па Наполи сака да ја победи конкуренцијата и да го договори трансферот уште во јануари.
Италијанските медиуми тврдат дека моменталната цена на играчот изнесува 20 милиони евра, сума која Наполи е спремен да ја плати.