Манчестер Јунајтед не се откажува од идејата да го донесе сенегалскиот дефанзивец, Калиду Кулибали и спрема нова богата понуда во јануари, пренесуваат англиските медиуми.
Факт е дека Мурињо е „заљубен“ во Кулибали и сака да го донесе во својот тим уште во јануари, но изгледа дека тоа ќе биде невозможна мисија.
Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Наводно, високи функционери на Манчестер Јунајтед се состанале со челниците на Наполи за да ја разгледаат можноста за трансфер, а Де Лаурентис јасно дал до знаење дека не планира да го продаде својот најдобар фудбалер.
Сепак, доколку Наполи биде елиминиран во Лигата на шампиони во групната фаза, постои шанса да го пушти Кулибали, но само за сума од 120 милиони евра.
Оваа сума ги шокирала челниците на Манчестер Јунајтед кои се спремни да платат 100 милиони евра за Сенегалецот.