Дома Трансфер зона Инсиње може да замине: Наполи ја одреди цената

Инсиње може да замине: Наполи ја одреди цената

Наполи изгледа е спремен ова лето да го продаде својот капитен Лоренцо Инсиње.

Договорот на Инсиње со Наполи истекува во јуни 2022 година, а според „Газета дело Спорт“ Наполи му одредил цена од 30 милиони евра.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Како што се наведува малку е веројатно дека Инсиње ќе го продолжи договорот затоа што сака да му се зголеми платата од моменталните пет милиони евра колку што ги заработува.

Италијанскиот репрезентативец исто така сака целосна контрола над својот имиџ, што е нешто што Де Лаурентис тешко ќе го прифати.

Инисње во Наполи стигна на само 15 години, дебитираше против Ливорно во 2010 година во победата од 2:0. Со негов можен ангажман во овој период се споменуваа Барселона и Тотенхем.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…