Јувентус со ремито против Рома (0:0) и официјално стана шампион во Серија А, седми пат во низа. Најголемиот конкурент за титулата на Старата дама беше Наполи, кој според тврдењето на тренерот Маурисио Сари, титулата ја изгубиле гледајќи ги црно-белите од Торино на телевизија.
Наполи со победата против Јувентус во 34. коло од 1:0 ги врати шансите за титулата, но во следното коло изгуби од Фиорентина со 3:0 и тогаш шансата за титулата беше пропуштена.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
На ден пред поразот од Фиорентина, Старата дама го совлада Интер во гости со 3:2, после пресвртот во последните пет минути од натпреварот. Тој натпревар го гледаа и фудбалерите на Наполи, а утредента изгубија во Фиренца.
„Требаше порано да одиме на спиење. Тоа ни направи психолошки удар, поради начинот на кој беше добиен натпреварот. Разочаран сум бидејќи титулата ја изгубивме во хотелот, а не на теренот. Мора да бидеме ментално силни, а помалку чуствителни. Не можам да кажам дека Јувентус е најдобрата екипа и дека ја заслужи титулата, бидејќи не ги гледав доволно. Но секако се најмоќни, во секој поглед. “ – рече Маурисио Сари, а потоа додаде нешто за својата иднина во клубот.
„Го сакам овој град и навивачите и тоа чуство никогаш нема да се промени, без обзир како ќе заврши оваа приказна.“