Дома Трансфер зона Наполи се договори со замената на Реина, сега се чека Баер

Наполи се договори со замената на Реина, сега се чека Баер

Искусниот Пеп Реина од следната сезона ќе биде член на Милан, па на „Сан Паоло“ веќе некое време бараат замена за него.

Наводно потрагата е завршена, па „единицата“ на Наполи ќе биде германскиот голман, Бернд Лено.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Лено се издвои како фаворит за местото на Реина откако што стивна интересот на Руи Патрисио, а посредник во трансферот на германскиот голман од Баер Леверкузен во Наполи, Фабио Париси вели дека работата е завршена.

„Веќе некое време работиме на овој трансфер. Се надеваме дека клубовите наскоро ќе постигнат договор. Кога станува збор за договор помеѓу Лено и Наполи, тоа е многу блиску… Може и да кажеме дека тој веќе постои. Сега мора да почекаме на Баерн да ја завршиме работата. Мислам дека се ќе биде готово за неколку дена“, изјави Париси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…