Дома Топ вести Наполи против Јувентус се врати од 3:0 за во 92-ра минута да ги снајде – трагедија!

Наполи против Јувентус се врати од 3:0 за во 92-ра минута да ги снајде – трагедија!

Вечерва беше одиграно дербито на Серија А помеѓу Јувентус и Наполи и гледавме навистина фантастичен натпревар.

Јувентус до предност стигна во 16-тата минута и тоа со првиот допир на топката на Данило кој влезе во игра само 30-тина секунди претходно на местото на повредениот Де Шиљо. Само три минути подоцна Игуаин изведе една мајсторија на мал простор и постигнува гол за 2:0.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Со тој резултат се замина и на полувреме.

После 62 минути игра никој не мислеше дека ќе гледаме драма затоа што Роналдо погодува за 3:0.

Меѓутоа тогаш започна шоуто на „Алијанц Арената“. Прво Манолас намалува на 3:1 во 66-та, а Ирвинг Лозано во 68-ма погодува за 3:2.

Наполи тогаш тргна во налет и успеа да постигне гол за 3:3 преку Ди Лоренцо на десетина минути пред крајот.

И тогаш кога сите мислеа дека направија вистинско чудо, Кулибали си постигнува неверојатен автогол во втората минута од судиското продолжение. Навистина натпревар за паметење.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Симеоне останува во Атлетико Мадрид до 2030 година?

Џулијано Симеоне го продолжува договорот со Атлетико Мадрид, пренесуваат шпанските медиуми…