Наполи се раздели со капитенот Марек Хамшик, но претседателот Аурелио де Лаурентис ги успокои фановите дека на лето ќе донесе големи засилувања.
Ова лето кога Анчелоти седна на клупата на Наполи многумина очекуваа да пристигнат големи имиња на тоа не се случи.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Ова ќе биде летото на Анчелоти. Кога пристигна тој минатата година не сакавме да правиме трансферна револуција, но сега ќе имаме можност сериозно да се засилиме. Сигурно ќе направиме два три големи трансфери“, изјави Де Лаурентис.
Италијанските медиуми пренесуваат дека главни трансфер мети на Наполи ќе будат ѕвездата на ПСВ, Ирвинг Лозано, како и италијанскиот репрезентативец Николо Барела. Покрај овие двајца се очекува следното лето во Неапол да пристигне и едно големо фудбалско име.
Де Лаурентис денес го потврди трансферот на Наполи и истакна дека вратата на клубот за него секогаш ќе биде отворена.
„Хамшик замина. Дали е збогум или се гледаме подоцна зависи о него. Јас се надевам дека ќе можеме да му пружиме вистински поздрав кога сезоната во Кина ќе заврши. Му посакувам се најдобро, а вратата на овој клуб за него секогаш ќе биде отворена“, изјави Де Лаурентис за медиумите.
Словакот во за Наполи настапуваше од 2007 година и собори голем број рекорди во клубот. Хамшик е играчот со најмногу натпревари (407) и најмногу голови (121) во дресот на клубот од Неапол.
? #GrazieCap17ano pic.twitter.com/IQy9feaLPM
— Official SSC Napoli (@sscnapoli) February 14, 2019