Дома Фудбал Италија Наполи и Елмас се „лизнаа“, Аталанта броеше до седум (видео)

Наполи и Елмас се „лизнаа“, Аталанта броеше до седум (видео)

Возбудливо веше попладнево на терените во Италија. Удинезе доживеа дебакл кај Аталанта, а Наполи не успеа да стигне до трите бода против СПАЛ.

Елмас беше стартер, но Наполи не успеа да го искористи киксот на Јуве и Интер и одигра само 1:1 против СПАЛ.

Се се случи во првото полувреме. Милик во 9-та минута донесе водство за Наполи, но Куртиќ израмни само неколку минути подоцна. Тимот на Анчелоти создаде неколку шанси во вториот дел, но не успеа да дојде до трите бода.

Аталанта немаше милост против Удинезе и го испрати дома со седум гола во мрежата. Најпрво гостите дојдоа до водство преку Окака, а потоа следуваше голеада на „божицата“.

Прво Иличиќ израмни на 1-1 во 21 минута, а потоа Муриел од пенал и донесе на Аталанта предност за во 43 минута повторно Иличиќ да им донесе прдност на домаќините од 3-1.Муриел, Пашалиќ и Траоре во вториот дел ги поставија конечните 7-1. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Арсенал против Лидс: Голема битка на Емирати

Арсенал се подготвува за враќање на победничките патеки против Лидс на Емирати. По поразот…