Наполи оваа сезона игра фантастично, а еден од играчите кој остави најсилен впечаток е сигурно Квича Кварацхелија.




Грузиецот има 7 гола и 8 асистенции од почетокот на сезоната и го привлече вниманието на многу европски гиганти.




До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Најсилен интерес покажува Манчестер Сити, а медиумите тврдат дека Гвардиола спремил богата понуда за јануари.




Меѓутоа, директорот на Наполи, Џантуоли изјави дека Кварцхелија не е на продажба за ниту една сума.




„Нема апсолутно никаква шанса за негова продажба. Можам да ви кажам дека Кварацхелија е 100% недопирлив“, изјави директорот.