Дома Фудбал Италија Наполи заборави да победува, голема победа на Рома (видео)

Наполи заборави да победува, голема победа на Рома (видео)

Рома попладнево го совлада Наполи со 2:1 во големото дерби на „Олимпико“ и додатно ја „разгоре“ кризата во тимот на Анчелоти.

Нашиот репрезентативец Елиф Елмас од клупата го следеше мечот, кој започна одлично за домаќините.

Заниоло со прекрасен погодок од дваесетина метри уште во 8-та минута го отвори резултатот, а десетина минути подоцна „волчицата“ пропушти голема шанса да ја дуплира предноста. Имено, Коларов биеше од белата точка, а неговиот удар го одбрани голманот Мерет.

Во вториот дел повторно беше досуден пенал за Рома, а овој пат сигурен од белата точка беше Верето. До крајот Наполи успеа преку Милик да го ублажи поразот за конечни 2:1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Арсенал и Астон Вила во трка за младиот бразилски талент Ендрик

Арсенал и Астон Вила се заинтересирани за потписот на младиот напаѓач на Реал Мадрид, Ендр…