Дома Трансфер зона Наполи влезе во трката за тинејџерската сензација!

Наполи влезе во трката за тинејџерската сензација!

Помеѓу клубовите кои „полудеа“ за тинејџерската сензација од Салзбург, Ерлинг Халанд се вклучи и Наполи.

Најмногу Халанд се прослави со одличните настапи во Лигата на шампионите каде што во овој момент е прв стрелец со шест гола. Освен во Лигата на шампионите, Халанд е одличен и во другите натпреварување. Во австријската Бундес лига постигна 12 голови на 10 натпревари, па го привлече вниманието на многу европски гиганти.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Манчестер Јунајтед и Јувентус веќе ја започнаа битката за 19-годишниот напаѓач, а сега во трката се приклучи и Наполи.

Според информациите најпознатиот светски агент, Мино Раиола веќе работи на овој трансфер и стапил во контакт како со Јувентус, така и со Наполи.

Австрискиот клуб за неговата слобода бара 45 милиони евра, сума која Наполи е спремен да ја плати.

Останува да видиме кој ќе ја добие битката за потписот на Халанд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…