Португалскиот крилен фудбалер, Луис Нани со нетпрение го очекува римското дерби против Лацио.
Следниот викенд се игра градското дерби во Рим, а Нани верува дека неговиот Лацио овојпат ќе излезе како победник.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Се е можно, дури и Скудето, но нема смисла сега да зборуваме за тоа. Бев повреден кога пристигнав па ми требаше некое време да се вратам во форма, но сега се чувствувам добро и ќе се обидам да направам што е можно повеќе. Имав добро добредојде, па сакам да се оправдам на теренот“, истакна Нани додавајќи:
„Голот против Беневенто беше важен, навистина сакав порано да го пробијам ледот. Уживам да играм тука“.
Нани во кариерата имаше шанса да игра бројни дуели, а оној помеѓу Лацио и Рома ќе биде уште еден во низа.
„Од моментот кога стигнав луѓето само зборуваа за ова дерби. Ги искусив дерби дуелите во Манчестер, Истанбул и Лисабон, сите беа страствени, но сите пофалби ги добив за римското дерби“, истакна Нани.
Тој знае од каде се заканува најголемата опасност, кога е во прашање Рома.
„Рома е силна екипа, еден од кандидатите за Скудето. Един Џеко е особено опасен, но не треба ниту другите да се потценат“, заклучи Нани.