Дома Фудбал Италија Наинголан ироничен: Неверојатно што измислувате!

Наинголан ироничен: Неверојатно што измислувате!

Новата ѕвезда на Интер, Раџа Наинголан даде коментар на написите на медиумите дека заработил нова повреда на мечот со Болоња.

Белгиецот викендов го одигра првиот меч за „нероаѕурите“ откако еден месец паузираше поради повреда. Наинголан дебитираше со гол и веднаш покажа дека ќе игра важна улога во тимот на Спалети.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Меѓутоа, во 78-та минута Наинголан го напушти теренот откако самиот побара измена, а медиумите веднаш почнаа да пишуваат дека повторно се повредил.

Меѓутоа фудбалерот веднаш во негов стил преку Твитер одговори на ваквите шпекуалции.

„Проблеми со бутниот мусул? Загрижувачки? Неверојатно што се измислува“, напиша Наинголан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Легенда на Барселона: Тоа е вистина, ме отпишаа поради висината…

Барселона во својата историја има создадено многу познати имиња, а еден од играчите кој бе…