Дома Останати Тенис Надал конечно призна – Ѓоковиќ е најдобриот на сите времиња! Неговите зборови ги ШОКИРАА сите, особено Шпанците!

Надал конечно призна – Ѓоковиќ е најдобриот на сите времиња! Неговите зборови ги ШОКИРАА сите, особено Шпанците!

Новак Ѓоковиќ е најдобриот тенисер на сите времиња. Тони Надал, вујкото на Рафаел Надал и поранешен тренер, конечно го призна тоа.

По титулата што српскиот ас ја освои во Њујорк, веќе не можеше да бара изговори во корист на Шпанецот. Мораше да се соочи со вистината.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Тој веќе некое време пишува колумни за шпанскиот „Ел Паис“, па напиша уште една по финалето на УС Опен.

“Новак ја освои титулата на УС Опен, го победи Медведев, го крена трофејот по 24-ти пат на Слемовите. Што друго да напишам за неговата победа? Повторно покажа дека моментално е најдобриот играч на планетата. Се врати на првото место, го зголеми бројот на титули на најголемите турнири“, започна Надал.

Со тешко срце го призна она што секој може да го види, дека Србинот е најдобриот тенисер на сите времиња!

„Со оваа победа Ѓоковиќ направи огромен чекор во трката за титулата најдобар играч на сите времиња и борбата со Рафа. Очигледно е дека после ова работите ќе бидат многу потешки, не само за мојот внук, туку и за сите оние кои во сегашноста или иднината се обидуваат да дојдат до него“

Потоа го анализираше натпреварот во финалето. „Медведев се бореше, покажа дека е достоен ривал. Во вториот сет имаше сет поен што можеше да го смени целиот тек на мечот, можеби дури и ќе победеше на крајот.

Но, тоа не се случи Србинот го освои тој поен, а потоа и тај-брејкот. Реалноста е дека во тој момент натпреварот беше решен и на сите им беше јасно кој ќе излезе како победник на крајот“, заклучи Тони Надал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ ја објави порака која го потресе светот на тенисот – Ова ли е крајот?!

Новак Ѓоковиќ без сомнение е еден од најголемите тенисери на сите времиња и без никаква ко…