Шпанскиот тенисер Рафаел Надал денеска го совлада Џејсон Кублер со 2:0 (6:1, 6:2) и се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Бризбејн.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
По подолга пауза Надал се врати на теренот, а пред два дена го совлада и Доминик Тием. Шпанецот ќе игра во четвртфинале на турнир за прв пат по Вимблдон во 2022 година.
Надал доминираше од почетокот до крајот на мечот. Во првиот сет брзо дојде до водство од 5:0 и лесно дојде до предност во сетови.
Во вториот сет направи брејк на стартот, поведе со 2:0, а при резултат 3:2 врза три гема и стигна до победата.
Надал во четвртфиналната фаза на турнирот во Австралија ќе игра против Џордан Томпсон.