Дома Останати Тенис Надал блеска: Изгуби само три гема и обезбеди четвртфинале!

Надал блеска: Изгуби само три гема и обезбеди четвртфинале!

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал денеска го совлада Џејсон Кублер со 2:0 (6:1, 6:2) и се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Бризбејн.

По подолга пауза Надал се врати на теренот, а пред два дена го совлада и Доминик Тием. Шпанецот ќе игра во четвртфинале на турнир за прв пат по Вимблдон во 2022 година.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Надал доминираше од почетокот до крајот на мечот. Во првиот сет брзо дојде до водство од 5:0 и лесно дојде до предност во сетови.

Во вториот сет направи брејк на стартот, поведе со 2:0, а при резултат 3:2 врза три гема и стигна до победата.

Надал во четвртфиналната фаза на турнирот во Австралија ќе игра против Џордан Томпсон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Игра на УС Опен, но многу повеќе заработува од продавање голи фотографии: Не излегувам бесплатно, ако некој сака да сретнеме чини 1.000 долари

Сашиа Викери, некогаш 73. на светската тениска ранглиста, успешног го отвори својот пат во…