Контраверзите за мечот Валенсија – Барселона сеуште не се смируваат иако натпреварот се играше во сабота. Каталонците победија со голот на Меси во 94-та минута, а потоа настана „лудница“ на стадионот.
При прославата на гостите навивачите на Валенсија ги навредуваа играчите и фрлаа со шишиња, а едно од нив заврши во главата на Нејмар.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Навивачот во разговор со медиумите и се извини на Барселона, но истакна дека бил испровоциран да го направи тоа.
„Јас сум навивачот кој фрли шише на играчите на Барселона. Во истиот момент кога го направив тоа знаев дека погрешив. Жалам поради својата постапка бидејќи таа не ме дефинира мене како личност и сигурно не како навивач на Валенсија. После досудениот пенал се чувствував толку немоќно“, истакна навивачот и додаде:
„Меси постигна гол, дојдоа да слават пред нас, а Нејмар почна да го навредува и провоцира сите навивачи на Валенсија. Тогаш го видов шишето и импулсивно го фрлив без размислување. Шишето беше скоро празна, но тоа не им попречи на петмина играчи на Барселона да се прават дека се повредени. И се извинувам на Барселона и на својот клуб, за кого ќе навивам се до крајот на животот“.