„Топџиите“ и Арсен Венгер во овие момент се во центарот на вниманието.
Навивачите се разочарани, бараат смена на Венгер, а врв на лошите случувања во последениот период стави Алексис Санчез кој побара дозвола да го напушти клубот, а за неговите услуги голем интерес покажа Манчестер Јунајтед. Венгер на масата има понуда во која е вклучен и Рахим Стерлинг, многумина сметаат дека треба да ја прифати, но во меѓувреме Венгер повторно негативно ги изненади фановите.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Наводно, голема желба на Венгер е фудбалерот на ВБА Џони Еванс кој во Арсенал би пристигнал како замена за Шкодран Мустафи.
Манчестер Сити и веќе покажаа интерес за поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед. Но, од ВБА бараат 30 милиони евра, а јасно е дека тоа е превисока сума.
Еванс никогаш не покажа дека голем дефанзивец, поради тоа и го напушти Манчестер Јунајтед и преминаво ВБА, но сега би можел да се врати на „голема“ врата во редовите на Арсенал.
Навивачите на „топџиите“ во никој не случај не се задоволни од новата желба на Венгер и веројатно ќе продолжат барањата за негова смена.
Arsenal fresh interest in Jonny Evans. We still expect a #mcfc improved offer. Will it meet #wba valuation? WBA keen to keep him #afc #gawa
— Paul Gilmour (@skysportspaulg) August 29, 2017