Фудбалската федерација на Македонија ги промовираше дресовите на македонските фудбалери, кои ќе настапат на Европското првенство.
Македонија на ЕП ќе има можност да настапи во три варијанти на дресот, првата и официјална е во бордо боја, вториот е бел со жолти црти и третиот е црн со портокалова комбинација.
Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
Навивачите воопшто не се задоволни поради потегот на ФФМ и решија да отворат петиција преку која бараат да се врати црвената боја на македонскиот дрес.
Својот став за дресот го кажа и капитенот Горан Пандев, кој на социјалните мрежи објави слика од стариот дрес и им даде поддршка на фановите.
