Дома Фудбал Англија Навивачите порачуваат: Роналдо даде три гола во Премиер лигата, а Меси не може гол да даде во „фармерската лига“

Навивачите порачуваат: Роналдо даде три гола во Премиер лигата, а Меси не може гол да даде во „фармерската лига“

Неодамна математичар од Оксфорд излезе со пресметка дека Роналдо е најдобриот во историјата, а поради слабиот почеток на Меси во Франција во овој момент веројатно е зголемен и бројот на навивачи кои мислат така.

Меси се уште чека на деби гол во Лига 1, првенство кое реално се смета за доста послабо од Премиер лигата каде што Роналдо има фантастичен старт.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Досега Меси одигра три натпревари и не постигна гол, од друга страна Роналдо за Јунајтед постигна четири гола (еден во Лигата на шампионите). Навивачите додаваат и дека Меси покрај себе ги има Нејмар, Мбапе, Икарди..

„Меси не постигна гол и на својот трет натпревар во фармерската лига, додека Роналдо постигна три во најтешката лига во светот“, гласат дел од пораките на навивачите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…