Aњели донел одлука и наводно одлучил да не ја отстранува ѕвездата на Конте на „Алијанц Стадионот“.
Меѓутоа навивачите не се откажуваа и отворена е петиција која досега ја потпишале повеќе од 15.000 навивачи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Уште од кога Конте седна на клупата на Интер навивачите започнаа да бараат отстранување на неговата ѕвезда, но како што се приближува дербито против лутиот ривал (утре) тие нивни барања станаа погласни, па се отвори и петиција.
Конте како играч и тренер беше дел од најуспешните периоди во Јувентус, но одлуката после Челзи да седне на клупата на најголемиот ривал навивачите ја гледаат како предавство кое не може да се прости.
Поради тоа тие бараат отстранување на ѕвездата на Конте и на нејзино место да биде поставена нова – од Клаудио Маркизио. Маркизио пред неколку дена објави дека на 33 години става крај на кариерата.
Маркизио за разлика од Конте на кого не му пречеше да седне и да го води Интер го одби кинескиот Џангсу Сунинг поради тесната повразност на овој клуб со најголемиот ривал на „старата дама“.