Дома Фудбал Англија Навивачите на Челси се извинуваат – следен потег ќе ни биде размена на Азар за Волкот!

Навивачите на Челси се извинуваат – следен потег ќе ни биде размена на Азар за Волкот!

После две третини од првенството може да се заклучи дека управата на Челси погреши.

Ќе се потсетиме на летото кога навивачите на Челси тврдеа дека Конте е во право кога се откажува од Немања Матиќ поради Бакајоко. Од друга страна Италјаните тврдеа дека доведувањето на Бакајоко нема врска со заминувањето на Матиќ.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Јасно, топката секако ќе се префрлува од едната на другата страна, но едно е сигурно Челси погреши!

Сега фановите на „сините“ имаат поинаков став, не само поради Матиќ туку и поради Диего Коста кој го замени со Мората, а некои од нив и се извинија.

„Се извинуваме, мислевме дека е Бакајоко е подобар, го добивте Матиќ навистина за мала сума, бевте во право“, напиша еден навивач.

„Конте го продаде Матиќ на ривалот и го купи Бакајоко после две третини од првенството јасно е колку е глупава оваа одлука“.

„Во име на навивачите на Челси се извинувам што верував дека Бакајоко е подобар играч од Матиќ“.

„Со оглед дека го продадовме Матиќ и го доведовме Бакајоко, а Коста го заменивме со Мората, следно е наместо Азар да го доведеме Тео Волкот“, гласи еден твит.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Уште во март го имаме добитникот на „Златната топка“ – и тоа фудбалер кој никој не го очекуваше!?

Највозбудливиот дел од календарската година во светот на фудбалот е секако борбата за најд…