Не е дека фудбалските навивачи се само хулигани, тоа го докажуваат фановите на Аталанта кои му помагаат на својот град во едни од најтешките денови низ неговата историја
Бергамо е најпогодениот град од Ломбардија, секојдневно има голем број жртви од коронавирусот. Градоначалникот на Аталанта денес потврди дека „биолошката бомба“ експлодирала на натпреварот Аталанта – Валенсија, скоро сите 40.000 фанови на Аталанта кои биле во Милано се вратиле во градот со Ковид-19 и тука започнала катастрофата.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Инаку, Аталанта баш пред овие тешки моменти ја играше најдобрата сезона во клупската историја и избори пласман помеѓу најдобрите осум екипи во Европа.
Сега навивачите се обидуваат на секаков начин да помогнат на својот град. На почетокот собраа 50.000 евра како помош, а освен тоа секојдневно делат храна и лекови низ градот. Сега се решија на нов чекор тие ќе изградат привремена болница за луѓето кои се погодени од коронавирусот.
Ова е потег кој заслужува респект, во тешки денови ни покажуваат како треба да се однесуваме сите кон нашиот град или држава.