Поранешниот шпански репрезентативец Хуан Карлос Наваро ќе биде новиот генерален директор на кошаркарскиот клуб Барселона.
Наваро на функцијата генерален директор доаѓа на местото на 51 годишниот Родригез кој во Барселона беше од март 2017 година. Неговиот договор имаше важност уште една година, но предвреме го раскина.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Како играч Наваро помина цели 20 сезони, два пати ја освои Евролигата, осум пати првенството на Шпанија, седум пати Купот на Шпанија и пет пати Суперкупот на Шпанија.
И кошаркарските фанатици во Македонија сигурно добро го паметат Наваро кој токму против нас на за нас историскиот турнир во Литванија одигра фантастичен натпревар и го наполни нашиот кош.