Maкедонија Ѓорче Петров попладнево потврди дека спогобено ја раскинува соработката со тренерот Мухарем Бајрами.
„Ве известуваме дека денес спогодбено се разделивме со нашиот досегашен тренер Мухарем Бајрами, кој ја водеше со успех нашата екипа во изминатите 18 месеци.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Соработката помеѓу Македонија Ѓорче Петров и Мухарем Бајрами почна во многу деликатен период, но на крајот од минатата сезона заврши со историски успех, освојување на Купот на Македонија по вторпат или првпат после 16 години. Оваа сезона, работите не одеа на посакувото ниво, посебно во првенството, па затоа, по заедничкиот денешен разговор, спогодбено се разделивме со нашиот досегашен тренер.
За сето сработено во нашиот клуб, му се заблагодаруваме од се срце на Мухарем Бајрами и му посакуваме многу здравје, среќа и успеси во иднина“, објавија „лавовите“.