Состојбата во собелкувалната на Јунајтед не е ниту малку добра, а „критичарите“ твтдат дека станува збор за вистински мобинг…
Денешниот „Times“ пишува дека собелекувалната на Јунајтед е разочарана од начинот на кој Жозе Мурињо го третира Лук Шо. Тој пред неколку месеци јавно го критикуваше левиот бек на Јунајтед, дури и зборуваше за неговата интелегенција што исто така беше лошо прифатена меѓу играчите, повеќето од нив сметаат дека критиките треба да ги сочува за соблекувалната.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Против Брајтон, Шо беше изваден на полувреме, а се шпекулира дека пред тоа сериозно се скарал со Мурињо, бидејќи му здодеало да го толерира однесувањето на тренерот. Некои играчи наводно им откриле на новинарите дека станува збор за вистински мобинг, само шест пати оваа сезона англискиот репрезентативец беше во старната псотава, но поголем проблем е тоа што трпи голем пристиок и омаложување од трана на тренерот.
Шо пристигна од Саутемптон на „Олд Трафорд“, поради повредите, но и поради односот на Мурињо запиша само четириесет натпревари за „Ѓаволите“.