Жозе Мурињо во едно интервју истакна дека во иднина ќе ја прифати поканата од Саудиска Арабија и ќе оди таму да тренира, а одговори и на прашањата за можното враќање во Реал Мадрид и кој треба да биде наследникот на Карло Анчелоти на клупата на Кралевите.
„Јас ќе ви ја кажам вистината, мислам дека еден ден ќе одам во Саудиска Арабија. Кога велам „еден ден“ не мислам на утре, а не мислам ниту задутре“, изјави Мурињо , кој се очекува да ја напушти Рома на крајот од сезоната.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Во кој клуб ќе оди после тоа, Мурињо не кажа. Познато е дека Карло Анчелоти треба да го напушти Реал на крајот на сезоната и да ја преземе бразилската репрезентација, а некои шпански медиуми пишуваа дека Мурињо би можел да се врати на клупата на која седеше од 2010 до 2013 година.
“Јас во Реал? Кога имате одличен тренер, зошто би размислувале за некој друг? Го познавам добро Флорентино Перез, тој е многу интелигентна личност. Ако ги читате медиумите, можете да видите и дека има јасни идеи. Како навивач на Реал и како навивач на Анчелоти се надевам дека Реал ќе има одлична сезона и дека Карло ќе биде на неговата клупа и во следната, тој е совршен тренер за Реал“, додаде Мурињо и нагласи:
“Мислам дека само лудак би го напуштил Реал доколку клубот сè уште го сака. Тој лудак бев јас, единствениот кој замина по три години и претседателот сè уште ме сакаше во клубот. Мислам дека на првиот јасен знак, Карло ќе одлучи да остане. Тој е совршен за Реал и Реал е совршен за него“.