Златан Ибрахимовиќ е слободен агент и многу клубови се заинтересирани за неговиот потпис, а италијански Милан важи како фаворит за негово доведување.
Паоло Малдини и Звонимир Бобан се обидуваат да го доведат Златан Ибрахимовиќ кој сигурно би бил големо засилување, како во нападот, така и како лидер во соблекувалната.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Росонерите“ на 38 годишниот напаѓач му понудија шест милиони евра за 18 месеци, но сега добија силна конкуренција за неговиот потпис.
Имено, англиските медиуми тврдат дека Мурињо сака да го донесе Ибрахимовиќ во Тотенхем. Двајцата соработуваа во Интер и Манчестер Јунајтед, па Португалецот одлично ги познава неговите квалитети.
Во наредните денови Тотенхем ќе испрати официјална понуда до неговиот менаџер Мино Раиола, а Ибрахимовиќ конечната одлука ќе ја донесе до средината на декември.