Иако Жозе Мурињо и Антонио Конте тврдат дека вербалната „војна“ е завршена, менаџерот на Манчестер Јунајтед повторно го „боцна“ Италијанецот.
„Ѓаволите“ денес со почеток во 20:45 часот играат против Стоук во рамките од 23 коло во Премиер лигата, а Португалецот на конференцијата за медиуми зборуваше за конфликтот со менаџерот на „сините“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Кога јас ќе започнам расправија, тогаш ја превзимам одговорноста, тоа го направив многу пати. Кога тоа нема да го направам, прилично е смешно за оние од другата страна да се однесуваат како жртви иако не се. Сепак, навистина не ужива во тоа, поради тоа за мене ова е завршено“.
„Да некогаш јас правам проблеми, но дел од случаите тоа не беше така. Моја грешка беше кога влегов во конфликт со Раниери, но поради тоа му се извинив. На крајот нашиот однос од лош стана многу добар, бидејќи јас бев господин и сфатив дека погрешив“, изјави Мурињо.