Манчестер Јунајтед викендов му гостува на Челзи во дербито на колото во Премиер лигата, а Мурињо тврди дека за него тоа е натпревар како и сите други.
„Специјалниот“ сепак напомена дека ќе се обиде да се контролира и да покаже респект кон своите поранешни навивачи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„За мене ова е натпревар како и сите други. Дали ќе славам ако победиме? Ќе се обидам да се контролирам и да покажам респект кон стадионот и фановите, кои беа мои долги години. Меѓутоа јас сум сега 100% дел од Манчестер и ќе се обидам да остварам што е можно подобар резултат“, истакна Мурињо.
Мурињо не даде конкретен одговор дали некој од повредените играчи како Матиќ, Фелаини и Лук Шо ќе бидат спремни за дербито и единствено откри дека Андер Ерера се враќа во тимот.
https://youtu.be/bk2ZaVPMVB4