Жозе Мурињо сметал дека бил предаден од фудбалерите на Рома, па пред да замине, го врати прстенот добиен од фудбалерите по освојувањето на Лигата на конференции.
Како што пренесуваат италијанските медиуми тренерот се чувствувал предаден од неговите играчи и клубот, кој му врачи отказ на 16 јунуари.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Мурињо прстенот го остави во шкафчето на капитенот на тимот Лоренцо Пелегрини. Стратегот исто така оставил и фотографија од самиот себе на која позира со неколку трофеи и напишал порака до капитенот:
„Кога ќе станеш маж, ќе ми го вратиш ова!“