Дома Трансфер зона Мурињо повторно тргнува по капитенот на Атлетико Мадрид

Мурињо повторно тргнува по капитенот на Атлетико Мадрид

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо во летниот преоден рок имаше неуспешен обид да го ангажира дефанзивецот на Атлетико Диего Годин, но се уште не се откажал од таа идеја.

Англиските медиуми пренесуваат дека Мурињо повторно ќе се обиде да го донесе Годин на „Олд Трафорд“, а ќе игра на картата што неговиот договор истекува на крајот на сезоната.

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


32-годишниот Уругваец се уште не ставил потпис на нов договор, па Манчестер Јунајтед е спремен да понуди 20 милиони фунти за да го добие дефанзивецот во јануари.

Сепак, шпанските медиуми се сигурни дека „јорганџиите“ ќе направат се за да го задржат капитенот, но проблем е што „црвените ѓаволи“ се спремни да му понудат повисока плата.

Останува да видиме дали обидат на Мурињо овој пат ќе биде успешен или Годин сепак ќе остане во Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии

Проверете

Реал руши рекорди за Салиба

Реал Мадрид е подготвен да направи рекорден договор за централен дефанзивец со ангажирањет…