Дома Топ вести Мурињо плаќа 60 милиони за играч на Интер и му го „краде“ пред нос на Челзи

Мурињо плаќа 60 милиони за играч на Интер и му го „краде“ пред нос на Челзи

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо е спремен да плати 60 милиони евра за играчот на Интер и хрватски репрезентативец, Иван Перишиќ.

Мурињо неодамна беше во Загреб за во живо да го гледа Перишиќ, па се одлучил да реагира брзо бидејќи стравува дека Хрватот може да заврши во некој друг клуб.


Колку може подмладената Македонија на Лазаров на СП!? ↓↓↓


„Газета дело Спорт“ во денешото издание тврди дека раководството на Интер одлучило да го стави Перишиќ на трансфер листа поради Финансискиот фер-плеј. Па „нероаѕурите“ планираат со неговата продажба да ги финансираат трансфероте на Бернардески од Фиорентина и Берарди од Сасуоло.

Весникот пишува дека жртвувањето на Перишиќ ќе биде болно за Интер со оглед на неговата улога во тимот, но раководството сака да ја продолжи политиката на доведување млади Италијанци на „Џузепе Меаца“.

Мурињо сака што е можно побрзо да го договори трансферот и да го осигура потписот на Перишиќ за кого силен интерес покажува и Антонио Конте.

Доколку се реализира трансферот Перишиќ ќе стане најскапиот хрватски фудбалер во историјата, бидеќи „црвените ѓаволи“ се спремни да платат 60 милиони евра за неговиот потпис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии

Проверете

Наполи спреми 50 милиони за ѕвездата на Јунајтед

Аргентински фудбалер Алехандро Гарначо наскоро може да го напушти Манчестер Јунајтед и ќе …