Џими Флојд Хазлбенк одигра одлични сезони во Премиер лигата и важи за еден од најдобрите напаѓачи кои играле во најсилното англиско првенство.




Во своето последно излегување во јавноста тој зборуваше за неговото искуство во Челзи и Жозе Мурињо. Според Хазелбенк Мурињо бил под влијание на други луѓе кога му порачал да замине и така го оставил без можност да се бори за трофеи со клубот од Лондон.




Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст
„Навистина бев лут, Мурињо не сакаше ниту да зборува со мене. Сигурен сум дека тоа не беше само негова одлука, некој го убеди дека сум тежок за соработка, а тоа не беше точно“.




„Пристигна Дрогба, но можев да играм покрај него. Подоцна разговарав со Мурињо и ми призна дека погрешил, меѓутоа тоа негово признание не ми значи ништо. Ако останев ќе освојував трофеи и ќе имав подобра кариера. Затоа Мурињо можеби е одличен тренер, но за мене никогаш не бил специјален“, изјави Хазелбенк.