Португалецот потврди дека ќе одмори неколку фудбалери.
Фудбалерите на Манчестер Јунајтед во вторник ја дочекуваат ЦСКА во последниот натпревар од групната фаза од Лигата на шампионите, а Жозе Мурињо најави големи промени.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Како што можеше да се претпостави првиот голман Давид Де Геа ќе добие заслужен одмор, па на голот ќе застане Серхио Роберто и потврди дека Немања Матиќ е повреден.
„Давид заслужува одмор, а исто така и Немања Матиќ нема да биде во конкуренција за овој натпревар. Тој е повреден и кога ќе кажам дека е повреден тоа е вистина“, изјави Мурињо кој потоа зборуваше за Златан Ибрахимовиќ.
„Златан Ибрахимовиќ не е повреден, но не смееме да ризикуваме, мора да ги засили своите мускули и сакаме постепено да го воведуваме во ритам“, изјави Мурињо.
На Јунајтед потребен му е бод за да го обезбеди првото место во групата.