Португалецот беше сосема јасен, но Перез секогаш има резервен план.
Жозе Мурињо ја отфрли секоја можност за заминување на Давид Де Геа на крајот од сезоната.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Тоа не доаѓа во предвид, не може да се случи. Навистина мислите клуб кој доведува фудбалери како Погба, Матиќ и Санчез би дозволил да замине најдобриот голман. Тоа не се случува“, изјави Мурињо.
По ова изјава јасно е дека Де Геа под никакви услови нема да биде продаден на Реал, иако голманот би се вратил во родниот град.
Според последните гласини, Реал ќе се сврти кон Куртоа кои понатаму инсистира да се врати во Шпанија каде што живеат неговите деца. Белгиецот се уште не потпишал нов договор со Челси и тоа ќе го направи само доколку во него биде вметната откупна клазула.
Кога е сумата во прашање се шпекулира дека Перез би можел да понуди 100 милиони евра, а како резервна опција за „кралевите“ се наведува голманот на Рома, Алисон.