Пеналот кој холандскиот судија го досудија за Англија во продолжението против Данска ги однесе домаќините на Вембли до победа со 2:1 и финале на ЕП. Во финалето Англија ќе игра против Италија во недела од 21 часот, исто така на Вембли.
Во 103. минута Рахим Стерлинг од десната страна влезе во шеснаесетникот на Данска. Еден противнички играч тргна на топката кој ја водеше англискиот напаѓач, но тој помина покрај него и падна. Судијата досуди пенал, а Хари Кејн постигна погодок.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Жозе Мурињо тврди дека пенал не постоеше.
„Не сум сигурен дека сакате да го слушнете она што ќе ви го кажам.“ – започна Мурињо и додаде:
„Ќе го кажам она кое го видов. Тоа не беше пенал. Подобриот тим победи. Англија е фантастична и заслужено е во финалето, но тоа никогаш нема да биде пенал. Не ја разбирам одлуката на судиите, посебно на ова ниво и во полуфинале на ЕП. Како љубител на фудбалот среќен сум што Англија е во финалето, но и тажен со начинот на кој е изборено. Не знам како судијата ќе заспие после ова.“